недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Девојка сведочеше за пукањето во Дејтон: „Луѓе тропаа на врата, не знаевме дали сакаат да не убијат“

Девојка сведочеше за пукањето во Дејтон: „Луѓе тропаа на врата, не знаевме дали сакаат да не убијат“

Во САД во рок од 24 часа дојде до два напади кои длабокот ги вознемирија граѓаните.

Вчера момче во Ел Пасо во Тексас уби 20 лица, додека 26 се ранети. Не поминаа ни 24 часа од тоа пукање, дојде до ново во другата сојузна држава, во Охајо.

Вооружен напаѓач пукал надвор и во внатрешноста на ноќен бар, јавуваат локалните медиуми. Убил 9 лица, а најмалку 16 ранил.

Девојка која била во барот за време на пукањето, за НБЦ Њуз раскажала се што се случило.

Тејлор Мејбери која била во барот кога започнало пукањето кажала дека се криела во тоалетот кога слушнала дека се пука.

„Слушнав неколку рафали и видов како сите паѓаат на земја. Никогаш не сум искусила такво нешто, па и јас сама легнав на земја и се доближив до тоалетот. Видов како луѓето се обидуваат да отидат до излезот“, раскажала таа.

Рекла дека меѓу последните влегла во тоалетот и дека таму се криеле и други луѓе.

„Ја држевме вратата затворена и чекавме да престане пукањето. Луѓето тропаа по вратата од надвор, а ние не знаевме дали се тоа луѓе кои дошле да не убијат или да не спасат“, рекла таа.

Таа раскажала и дека во тоалетот била околу 7 минути.