петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 92
home Вести

Девет либански банки се повлекуваат од Кипар

Девет либански банки се повлекуваат од Кипар

Девет либански банки се повлекуваат од Кипар, соопшти денеска претставник на Централната банка на Кипар.

Претставникот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека банките постепено ќе ги затвораат филијалите, со што повлекувањето ќе се изврши уредно. Тој додаде дека затворањето нема негативно да влијае на кипарската економија.

Вкупните депозити и заеми на филијалите на либанските банки на островот изнесуваат помалку од еден процент од вкупните депозити и заеми на целиот банкарски систем на Кипар, а повеќето од нив припаѓаат на нерезиденти.

Централната банка на Кипар не добила објаснување во врска со одлуката и ќе даде целосни гаранции за депозити помали од 100.000 евра, додека оние со поголема вредност ќе бидат покриени 50 отсто. (МИА)

Коронавирус