петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Дете (5) на минус 31 степен го спаси својот живот и животот на мало бебе

Дете (5) на минус 31 степен го спаси својот живот и животот на мало бебе

Петгодишно дете облечено само во чорапи и тенка облека во оддалечено село на Алјаска го спасило својот живот, но и на едногодишно бебе.

Според властите, кога снемало струја во местото Венети, децата биле сами во куќата.

Постарото дете се исплашило и решило да побара помош од првиот сосед, оддалечен речиси еден километар.

Носејќи го во раце помалото дете, на температура од минус 31 Целзиусови степени и облечено во несоодветна облека, пристигнало на време, а соседите решиле да повикаат полиција поради напуштени деца.

По укажаната прва помош, било заклучено дека децата биле премрзнати, а 37-годишната Џули Петар е уапсена поради загрозување на добросостојбата на малолетниците.

Сепак, надлежните не објасниле во каков однос е таа со децата и засега не е познато колку долго децата биле сами.

Коронавирус