вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Детали за страшната несреќа во Куба: Дали ова е причината за рушењето на авионот? (ФОТО)

Детали за страшната несреќа во Куба: Дали ова е причината за рушењето на авионот? (ФОТО)

Авион со 107 патници се сруши брзо откако полета од аеродромот во Хавана, Куба.

Интерниот лет на „Кубана де Авиацион”, требаше да стигне до градот Холгуин, источна Куба, кога се сруши во близина на училишен кампус, помеѓу Бојејос и централна Хавана.

Кубанската државна телевизија објави дека Боинг 737 се сруши брзо по полетувањето од аеродромот Хозе Марти во Хавана.

Националната авиокомпанија на Куба „Кубана де Авиацион”, последните години е изложена на безбедносни прашања поради нејзините стари авиони. Вчера, повеќе од една третина од најзините авиони беа официјално приземјени, поради неисполнување на безбедносните стандарди.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа облак од црн чад во близина на аеродромот.

Си-ен-ен пренесе дека има жртви.

Спасувачки екипи и пожарникари се на лице место на несреќата.