недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Вести

Детали за двојниот живот кој го водел таткото монструм: Ги задавил децата кои мислел дека не се негови

Детали за двојниот живот кој го водел таткото монструм: Ги задавил децата кои мислел дека не се негови

Австрискиот „Хојте“ синоќа под наслов „Кокаин и црвени светла – тајниот живот на убиецот во Хрватска“ пишува како личност блиска до Харалд Коптц, осомничен дека ги убил своите три деца во Загреб, изнесува низа детали за двојниот живот на Коптц.

Според информациите од неименуваната доверлива личност на убиецот, „Хојте“ пишува дека 56-годишникот наводно со години одел на виенската „сцена на црвени фенери“ (проституција) и конзумирал дрога и делувал депресивно, пренесе хрватска Нова.

Истиот извор наведува дека Харалд К. на друштвените мрежи се прикажувал себеси како грижлив татко и редовно објавувал слики од своите деца на пливање, како готват, одат во зоолошка градина.

Сепак ова според приказната било само фарса, бидејќи таткото наводно „не ги сакал“ своите деца и бил опседнат со идејата дека тој не им е нивни биолошки татко.

-Тој беше опседнат со тоа. Секогаш одново и одново нагласуваше како е страшно да се има деца. Последните две години постојано потценувачки зборуваше за своето семејство. Се гледаше некаков вид омраза во неговите очи,  вели личноста која му била блиска.

Весникот додава и дека се претпоставува оти таткото ги убил децата под дејство на дрога, па хрватските ограни истражуваат дали за време на злосторството бил под дејство на психотропни супстанци.

Исто така се наведува и дека осомничениот е стабилен и свесен, а во болницата го чува полиција.

Хојте наведува и дека Харалд Коптц во своето проштално писмо на Фејсбук остро ја нападнал масонската ложа „Слободни ѕидари“ која не сакала да му помогне за работата и во врска со финансиските проблеми. Од таму пак за весникот велат дека не можат да го идентификуваат Коптц како нивен припадник.

Инаку Коптц е осомничен дека во Загреб ги убил своите три деца, близнаци по седум години и четиригодишно девојче, а потоа се обидел да се предозира со апчиња или отров.

Локални избори 2021