понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 184
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

ДЕТАЛИ ОД МАСАКРОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Повикај полиција, ти ги убив петте внуки! (ВИДЕО)

ДЕТАЛИ ОД МАСАКРОТ ВО ГЕРМАНИЈА: Повикај полиција, ти ги убив петте внуки! (ВИДЕО)

По страшното злосторство во Германија кое ја згрози светската јавноста, во светските медиуми почнаа да се појавуваат нови детализа 27-годишната мајка која со таблети си ги уби своите пет деца во својот дом.

Мајката Кристијане К. се обидела да се самоубие скокајќи под воз, но таа преживеа и со сериозни повреди веднаш е хоспитализирана.

Таа ги отрула со таблети своите три ќерки, едногодишните Мелина и Леони, Софи (3) и двајцата синови Тим (6) и Лука (8), додека нејзиниот најстар син Марсел (11) го однела на станицата во Дизелдорф за да го испрати кај својата баба во Менхенгладбах.

„Испратете ја полицијата во станот, ти ги убив петте внука“, напишала таа на нејзината мајка. Бабата тогаш повикала полиција кога ги пронашла мртвите деца во станот.

Другите пораки што и ги испратила на нејзината мајка, велат истражителите, покажуваат дека мајката што ги убила своите деца била со сериозно ментално нарушување.

Полицијата соопшти дека ги пронашла петте деца во нивните кревети и дека полицајците плачеле кога го напуштиле местото на злосторството.

Коронавирус