петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

ДЕТАЛИ: Четири лица настрадаа во пукањето во банка во САД

ДЕТАЛИ: Четири лица настрадаа во пукањето во банка во САД

Началникот на полицијата Елиот Ајзак, кажа дека напаѓачот во Синсинати отворил оган утрово пред банка, а потоа влегол во дворот каде размениле неколку куршуми со полицијата, пренесува АП.

Засега не се знае дали напаѓачот пукал сам во себе или го погодиле полицајците.

Градоначалникот на Синсинати, Џон Кренли кажал дека напаѓачот „активно пукал во недолжни жртви“ и дека сцената била ужасна, напоменувајќи дека ситуацијата можела да биде многѕу полоша, доколку полицијата не реагирала брзо и не ја отстранила заканата.

Полицијата порано денеска соопштила дека „одговорила на активна ситуација на пукање во зграда во банка во центарот на Синсинати и дека има повеќе повредени“.

Полицијата на Твитер напиша дека ситуацијата е ставена под контрола пред 10 часот наутро по локално време.