четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 21
home Вести

ДЕТАЛИ: 9 лица загинаа во вчерашниот напад врз луксузен хотел

ДЕТАЛИ: 9 лица загинаа во вчерашниот напад врз луксузен хотел

Бројот на жртвите во вчерашниот напад врз луксузниот хотел „Перл Континентал“ во пакистанскиот пристаништен град Гвадар изнесува девет лица, меѓу кои има петмина цивили и четворица напаѓачи, кои се убиени во престрелка со полицијата, соопшти регионалниот шеф на полицијата Муних Ахмад Зиа.

Премиерот Имран Кан го нарече нападот „терористички чин“.

Четворица бунтовници вооружени со пушки и гранати го нападнаа хотелот, по што следела повеќечасовна престрелка, во која загинале еден припадник на обезбедувањето и сите напаѓачи. Војската соопшти дека нејзините припадници брзо реагирале на нападот.

Одговорноста ја презеде сепаратистичката група Ослободителна армија Балука, која објави и фотографии од напаѓачите, за кои полицијата тврди дека се убиени.