петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 186
home Вести

Дешан и Лорис добија свои метро станици во Париз

Дешан и Лорис добија свои метро станици во Париз

Една станица од париското метро ќе биде именувана по селекторот на француската репрезентација Дидје Дешан, додека писателот Виктор Иго ќе мора да ја дели станицата со голманот и капитен Иго Лорис.

Франција вчера во финалето ја совлада Хрватска и стана светски шампион во фудбал, а во таа чест компанијата РАТП, која стопанисува со париската подземна железница, соопшти дека ќе преименува шест станици во чест на француската репрезентација.

Станицата „Нотр Дам де Шам“ сега ќе се вика „Нотр Дидје Дешан“, а станицата „Виктор Иго“ во чест на капитенот ќе се вика  „Виктор Иго Лорис“.

Станица „Берси“ ќе стане „Берси ле блу“, бидејќи репрезентацијата често ја нарекуваат „сините“.

„Ѕвезда на Шарл де Гол“ ќе биде преименувана во „Имаме две ѕвезди“ , по една за секоја шампионска титула на мундијалите.

МИА

Коронавирус