четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Десеттина од играчките што се продаваат не се според безбедносните стандарди

Десеттина од играчките што се продаваат не се според безбедносните стандарди

Дедо Мраз по се изгледа е неодговорен и може да ги доведе во опасност децата, вадејќи им од неговата вреќа играчки што можат да претставуваат опасност по нивното здравје.

Ваквиот заклучок може да се извлече од извештајот на францускиот Генерален директорат за конкуренција, потрошувачки прашања и контрола на измами, изработен врз основа на извршените контроли во фабрики за играчки, магацини на увозниците и продавници. Како што јави допсиникот на МИА, од извршените речиси 10.600 контроли на 3.348 локации, утврденоо е дека 11,5 отсто од играчките не ги задоволуваат безбедносните стандарди.

Дирекцијата наведува играчките кои се проверени биле селектирани „по избор“, врз основа на претходни сомнеж за опасноста на некои од нив, со што „стапка на опасност не е репрезентативна на пазарот“.

Како главна причина за опасност се посочува можноста за „голтање на мали елементи од играчките наменети за деца под тригодишна возраст“, а „во помала мерка и нестабилност на играчките што треба да ја изддржат тежината на децата“. Дирекцијата ги споменува и „хемиските ризици поврзани со присуството на супстанции, кои се канцерогени, мутогени или токсични и можат да предизвикаат лезии на очите“.

Дирекцијата посочува дека во 2017 година повеќе од 242.000 производи биле „корегирани“ со повторно обележување- најчесто со леепње нова етикета, менување на пакувањето или замена на дефектните делови. Поради штетност и опасност лани биле уништени над 141.000 играчки, меѓу кои 37.667 кукли, 29.287 привезоци, 24.327 вртелешки и 13.420 музички инструменти.

Во извештајот се посочуваат и други „извор на загриженост“, како лесната достапност до батериите за електронските играчки, магнетни делови, но исто така и ризик од давање со јажиња или оштетување на слухот од звуците што ги испуштаат играчките акодецата ги држат до нивните уши.

Состојбата е уште по алармантна кај играчките набавени преку интернет, бидејќи 74 отсто од тестираните производи се покажале како несоодветни или опасни. Кај нив е откриено дека содржат олово и токсични и канцерогена супстанција. Дирекцијат ги повикува потрошувачите да бидат многу внимателни, особено со електричните новогодишни силјалички, кои претставуваат „ризик од електричен шок или пожар“.

Целта на француската администрација е да им помогне на Французите, кои никогаш не нарачувале толку многу играчки од надвор од Европа преку интернет. Имено во 2017 година, Французите за набавка на подароци преку интернет потрошиле 80 милјарди евра, а за годинашниов Божиќ дури 56 проценти од француските граѓани пазарувале онлајн.

Коронавирус