сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 10
home Вести

Десетмина загинати при напад во авганистанската провинција Херат

Десетмина загинати при напад во авганистанската провинција Херат

Десет полицајци загинаа, а четворица други се ранети, при напад на талибанците во авганистанска провинција Херат, информира денеска раководителот на округот Шинданд, Шукрула Шакер.

Нападот бил извршен синоќа во Шинданд и траел неколку часови. Терористичката акција почнала со експлозија на бомба поставена крај патот, која била активирана додека минувало возило што превезувало полициско засилување. По експлозијата врз возилото била истрелана и ракета.

При нападот има жртви и во редовите на талибанците, но засега не е познат нивниот точен број.

Талибанците вчера изутрина нападнаа владина зграда во округ во провинцијата Газни. При престрелките загинаа 15 лица, меѓу кои и тројца локални раководители.

МИА

Коронавирус