понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Десетици мигранти заглавени на американско-мексиканската граница

Десетици мигранти заглавени на американско-мексиканската граница

Десетици мигранти кои потуваат во карван за да побараат азил во Соединетите Американски Држави бил запрен на американско-мексиканската граница.

Американските граничари на околу 150 луѓе кои патувале со деца им рекле дека границата близу Сан Диего е веќе полна.

Засега не е познато дали на мигрантите кои патуваат од Централна Америка ќе им биде дозволено да влезат во САД, или тие ќе бидат вратени назад.

Претседателот Доналд Трамп вели дека карванот е опасност за безбедноста на САД.

Групата мигранти досега неколку пати беше мета на критики на Трамп.

 

Тој побара од Мексико да прати трупи за да ја обезбедуваат границата додека не се изгради предложениот ѕид.

Карванот кон САД тргна на 25 март од јужно Мексико, во близина на границата со Гватемала, а во еден момент тој броеше и повеќе од 1.000 луѓе.

Коронавирус