вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 168
home Вести

Денеска средба Меркел-Ердоган во Истанбул

Денеска средба Меркел-Ердоган во Истанбул

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа пристигна во работна посета на Турција, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

Меркел на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул пристигна по 23 часот по локално време. Таа го напушти аеродромот заедно со својата делегација, поради што беа преземени високи безбедносни мерки.

Се очекува Меркел денеска во Истанбул да одржи низа состаноци, информира агенцијата.

За време на средбата со турскиот претседател Ердоган се очекува да стане збор за билатералните односи меѓу Турција и Германија, германското претседавање со ЕУ кое почнува во јули годинава, за односите меѓу Турција и ЕУ, за процесот на пристапување на Турција во Европската Унија и многу други теми.

Во разговорите се предвидува и размена на мислења за регионални и меѓународни прашања, особено за Либија и Сирија, информира Анадолија.

Во последните седмици Меркел и Ердоган имаа клучна улога во меѓународните напори за решавање на конфликтот во Либија.

Коронавирус