сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 40
home Вести

Ден на жалост во Либан по вчерашното смртоносно насилство

Ден на жалост во Либан по вчерашното смртоносно насилство

Либанскиот премиер, Наџиб Микати, денеска прогласи Ден на жалост во земјата, еден ден откако во Бејрут дојде до смртоносни судири во кои загинаа најмалку шест лица, а 32 се повредени, пренесуваат француските медиуми.

Немирите почнаа за време на протестот на шиитските муслимански групи Хезболах и Амал против судијата кој ја води истрагата за минатогодишната голема експлозија во бејрутското пристаниште.

Француските медиуми наведуваат дека шиитските муслимани за насилството, загинатите и повредените во протестот ги обвинија Христијанските либански сили (ЛФ), кои, наводно, со снајпери пукале кон демонстрантите. Фракцијата ЛФ негираше дека го поттикнала едно од најтешкиоте насилства во Либан во последните години.

-Нема да дозволиме никој да ја земе земјата како заложник на нивните интереси, рече претседателот на Либан, Мишел Аун.

Огромна тензија ја следи истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут на 20 август 2020 година во која загинаа 219 лица. Бројни делови од градот беа уништени од експлозијата, но се уште никој не одговараше за тоа. Хезболах и неговите сојузници велат дека истражниот судија е пристрасен, но семејствата на жртвите ја поддржуваат неговата работа.

Се почна како протест пред Палатата на правдата – главната зграда на судот – каде што се собраа стотици лица тврдејќи дека истрагата е политизирана и дека затоа бараат смена на судијата Тарек Битар, кој ја води истрагата за експлозијата во пристаништето на Бејрут. Протестот наскоро ескалираше, кога беше отворен оган врз насобраната маса.

Коронавирус