среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 18
home Вести

Демонстрантите во Ерменија ги прекинаа блокадите и се подготвуваат за протести

Демонстрантите во Ерменија ги прекинаа блокадите и се подготвуваат за протести

Демонстрантите кои ја поддржуваат опозицијата во Ерменија ги прекинаа уличните блокади во главниот град Ереван и се подготвуваат за протести на Плоштадот на републиката, откако опозицискиот лидер Никол Пашињан ги повика да го направат тоа.

– Треба да ги одблокираме сите патишта, за да можат луѓето да дојдат на протести на Плоштадот на републиката, рече Пашињан.

Десетици илјади демонстранти денеска ги блокираа улиците и владините згради во Ереван во знак на протест откако владејачката партија го одби изборот на опозицијата Никол Пашињан да биде нов премиер.

Пашињан вчера не успеа да обезбеди мнозинство гласови во Парламентот за да стане премиер. За него гласаа 45 пратеници, осум помалку од неопходниот број во Парламентот во кој има 105 места.

Собранието на Ерменија ќе избере нов премиер на 8 мај.

МИА

Локални избори 2021