недела, 5. април 2020. Вести денес: 103
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Демонстрантите упаднаа во седиштето на партијата на Макрон, полицијата ги растера со солзавец

Демонстрантите упаднаа во седиштето на партијата на Макрон, полицијата ги растера со солзавец

Полицијата во Париз со солзавец ги протера демонстрантите од седиштето на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кои и натаму протестираат против неговиот предлог за пензиски реформи.

Лидерот на партијата Републиката напред, Станислав Гуерини го осуди настанот што на Твитер го опиша како „обид за упад на радикализираните демонстранти“ во канцелариите на партијата.

Полицијата не потврди што точно се случило во седиштето на партијата. За време на непријавените протести уапсени се три лица.

Макрон во телевизиското новогодишно обраќање до нацијата рече дека очекува од премиерот Едуар Филип да најде компромис со синдикатите и групите работодавачи кои тоа го сакаат, кога станува збор за пензиската реформа.

Шефот на еден од најсилните синдикати ЦГТ, Филипе Мартинез пред два дена го повика „францускиот народ да се мобилизира и да протестира“.

Протестите, кои денеска се 29-ти по ред, се најдолгите во земјата од 1968 година.

Коронавирус