сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 100
home Вести

Демонстранти од Портланд поднесоа тужба против федералната полиција

Демонстранти од Портланд поднесоа тужба против федералната полиција

Две групи демонстранти против употребата на федералните безбедносни структури, ангажирани да ги згаснат протестите во Портланд, поднеле тужба пред федералниот суд против Министерство за внатрешни работи, јавија американските медиуми.

Во тужбата се тврди дека е противуставно испраќањето федерални безбедносни служби за растерување демонстрации со употреба на невидено насилство, солзавец и гумени куршуми против граѓаните.

Групите „Ѕид на мајките“ и „Не пукајте во Портланд“ поднесоа тужба против в.д. секретар за внатрешна безбедност, Сед Волф, и други федерални службеници одговорни за насилството.

Во тужбата се тврди дека со присуството на федералните агенти во Портланд се кршат фундаменталните принципи на демократијата затоа што федералните власти вршат репресија врз сопствените граѓани со употреба на нелегална тактика и ангажирање на федерални безбедносни структури место локалната полиција.

Градоначалниците на Портланд и пет други американски градови, истовремено, апелираа до Конгресот да ја прогласи за незаконска одлуката на администрацијата на Трамп за распоредување федерални агенти во градовите, каде тие не се пожелни.

„И покрај противењето на локалните власти оваа администрација нареди сурова употреба на сила од страна на федералните безбедносни служби во американските градови и тоа никогаш повеќе не смее да се случи“, се вели во писмото испратено до лидерите на Конгресот од првите луѓе на Портланд, Сиетл, Канзас Сити, Албукерки, Њу Мексико и Вашингтон. (MИА)

Коронавирус