сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Демонстранти го запалија иранскиот конзулат во Басра

Демонстранти го запалија иранскиот конзулат во Басра

Демонстрантите во Басра, вториот најголем град во Ирак, денеска го запалиле конзулатот на Иран во знак на протест против иранското мешање во ирачката политика, јави Си-Ен-Ен.

Веќе неколку дена стотици демонстранти протестираат на улиците на Басра, во демонстранции кои започнаа во знак на револт поради проблемите во снабдувањето во вода и струја. Но, имајќи предвид дека во ирачкиот Парламент во тек е борба за превласт меѓу две групи шиитски политичари – една блиска до САД, а другата до Иран – околу тоа кој ќе ја формира идната ирачка Влада, протестите набргу добија политички карактер.

Басра е главното ирачко пристаниште, а е и една од најважните нафтени провинции во Ирак. Свештеникот Моктада ал Садр, кој ја предводи една од водечките шиитски партии во Ирак, побара од премиерот Хајдар ал Абади веднаш да ги одобри потребните пари за подобрување на комуналните услуги во Басра од централниот буџет. Садр и Абади се обидуваат да формираат Влада и во тоа ја имаат поддршката на САД. (МИА)