недела, 9. август 2020. Вести денес: 90
home Вести

Демонстрант од Хонг Конг осомничен за убиство на полицаец уапсен на лет за Лондон

Демонстрант од Хонг Конг осомничен за убиство на полицаец уапсен на лет за Лондон

Полицијата во Хонг Конг денеска уапси маж на лет за Лондон, осомничен за убиство на полицаец за време на протестите против новиот Закон за безбедност за полуавтономната кинеска територија.

Според анонимен полициски службеник, 24-годишниот Вонг е уапсен на летот на „Китај Пацифик“  кон Лондон.

Вонг вчера купил билет и се качил на авионот без багаж, истакна полицискиот службеник. Тој не одговорил на повикот од екипажот на авионот и не седнал на своето место.

Откако Вонг бил идентификуван полицијата на Хонг Конг го уапсила, а локалните медиуми објавија дека е уапсен затоа што неговиот братучед пријавил во полиција дека планира да замине.

За време на вчерашните протести во Хонг Конг против законот донесен од Кина за сузбивање на антивладините протести што траат  од  јуни минатата година, уапсени се околу 370 лица .

Законот, што стапи во сила во вторникот, забранува сецесионистички, субверзивни и терористички активности, како и секаква странска интервенција во Хонг Конг.

Усвојувањето на кинескиот закон за национална безбедност за Хонг Конг предизвика длабока загриженост и жалење во светот, со проценка дека законот го укина принципот „една земја, два система“ што на градот му беше ветен во 1997 година, за време на преминот од британска во кинеска власт, заедно со високиот степен на автономија.

Коронавирус