вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Демократите објавија досега невидено видео од упадот во Капитол хил

Демократите објавија досега невидено видео од упадот во Капитол хил

Демократите, кои го претставуваат обвинението против поранешниот претседател на САД во Сенатот, покажаа претходно необјавено видео од упадот во Капитол хил.

На видеото се гледа како приврзаниците на Доналд Трамп ги бараат претседателката на претставничкиот дом, Ненси Пелоси и тогашниот потпретседател на САД, извикувајќи „обесете го Мајк Пенс“. На снимката се гледаат судири меѓу демонстрантите и полицијата, на околу триесетина метри од просторијата каде се наоѓа Пенс со своето семејство, каде дел од собраните поставиле бесилка.

Видео материјалите се однесуваат на периодот од околу еден час попладне на 6 јануари, кога првата група приврзаници на Трамп се појави пред Капитол хил и подоцна насилно упадна во зградата, сè до моментот кога заврши опсадата.

Трамп е првиот претседател кој се соочува со судење за импичмент по напуштањето на функцијата. Тој е обвинет за поттикнување востание преку воспалувачки зборови, за што неговите бранители велат дека е заштитен со првиот амандман на уставот.

ЕУРО 2020

Македонија