четврток, 23. март 2023. Вести денес: 75
home Вести

Децата и тренерот не се единствени кои чекаат спас: Еве кои уште со денови биле со нив во пештерата

Децата и тренерот не се единствени кои чекаат спас: Еве кои уште со денови биле со нив во пештерата

Ако се оди според планот, до крајот на денот ниту еден член на младиот фудбалски тим нема да биде заробен во внатрешноста на пештерата во Тајланд, меѓутоа четирите деца и тренерот не се единствени кои денеска ќе ја напуштат пештерата.

Шефот на спасувачката мисија кажа дека пред нив е тешка задача, затоа што освен децата и тренерот на површината треба да се извлечат и лекарот и уште тројца нуркачи, кои се наоѓаат во пештерата со членовите на фудбалскиот тим.

-Првиот ден ни требаа 11 часа, вчера девет, денеска се надеваме дека тоа ќе го направиме за исто време како вчера или побрзо.

Инаку, да потсетиме, рано утринава почна акцијата спасувањето на преостанатите заробени во пештерата на северот на Тајланд.

loading...