сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Дебата за унапредување на структурниот дијалог и суштинската соработка Влада – граѓански сектор

Дебата за унапредување на структурниот дијалог и суштинската соработка Влада – граѓански сектор

Дискусија за унапредување на структурниот дијалог и суштинската соработка помеѓу владата и граѓанските организации е целта на денешниот состанок во Скопје на Националниот трилатерален состанок: „Активно учество во консултативните процеси со Владата – Совет за соработка и развој на Граѓанското општество“, организиран од ИПА Механизмот за граѓански организации.

Според организаторите, овој настан го поттикнува унапредувањето на соработката меѓу државните чинители и граѓанското општество, како и подобрувањето на меѓусебните партнерски односи во практикувањето на структурниот дијалог.

– Главниот предлог е да има суштинска вклученост на граѓанските oрганизации, да биде однапред со сите инфоrмации вклучено граѓанското општество, во сите фази, да нема изненадувања, да може да има суштинска дебата базирана на докази за да можат да се унапредуваат и правната рамка и самиот дијалог за развој на ГО, а особено прашања кои се релевантнио за самиот интерес, вели Александар Колекевски од НВО „Евротинк“.

Според Ели Чакар од Министерството за локална самоуправа, која е член на Советот, овој состанок е на иницијатива на граѓанскиот сектор, а целта е да се дефинираат механизмите за работа на Советот и да се воспостават канали на комуникација за редовно информирање на организациите од ГО и застапување на нивните ставови во ова тело.

– Ова е можност практично и претставниците од владините институции и од граѓанскиот сектор, но и претставници од ГО кои не се членови на Советот да го дадат својот придонес да се подготви навистина квалитен деловник за работа, затоа што тој е услов за создавањe на доверба внатре меѓу претставниците на владиниот и невладиниот сектор, но и во рамките на самиот НВО сектор и врз основа на така изградена доверба да се гради партенерски однос во соработката понатаму и да доведе до вистински квалитет. Прво подобра овозможувачка околина за развој на граѓанскиот сектор и консултација на владините политики преку развивање на тој механизам и градење на заеднички политики што ќе биде многу актуелно доколку се реализира најавата за отворање на пристапните преговори со ЕУ, рече Чакар.

Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор е стручно советодавно тело кое терба да се состанува најмалку еднаш на три месеци. Целта е активно вклучување на ГО во креирањето на политиките на Владата, каде овој сектор е директно засегнат, но и за прашања од поширок национален интерес. Конститутивната седница на Советот се одржа минатата недела, а изборот на претседател и заменик претседател заедно со деловникот за работа е оставен за наредната седница што ќе се одржи во мај.

Советот го сочинуваат 31 член од кои мнозинството од 16 члена доаѓаат од граѓанското општество избрани по реализиран јавен повик и како избор на самиот НВО-сектор, како и 15 од владиниот сектор. Согласно одлуката за формирање на овој Совет, претседателот треба да дојде од граѓанскиот сектор.

(Миа)

Коронавирус