среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Данскиот град Оштеред воведе четиридневна работна недела

Данскиот град Оштеред воведе четиридневна работна недела

Властите во данскиот град Оштеред вовеле четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација, во која работат околу 300 лица, така што во иднина и петок ќе можат да го користат како слободен ден.

Оштеред е полуостров во северозападниот дел на осторовот Зеаланд, оддалечен околу 100 километри од Копенхаген и градот има околу 33.000 жители.

Кирстен  Лунд Маквардсен која е вработена во општинската администрација вели дека по долги разговори со претставници на градските власти се одлучиле да ја спроведат во дело идејата за четиридневна работна недела. Во градската управа, вели таа,  сите веруваат дека на овој начин вработените дополнително ќе се мотивираат на граѓаните да им даваат уште поквалитетни услуги.

-Сигурни сме дека луѓето ќе го ценат тоа што имаат дополнителен ден  за одмор, рече Макрвардсен за „Денмарк њуз“.

Таа кажа дека општинските службеници од сега ќе работат 35 часа неделно, додека стандардната работна недела во Данска трае околу 37,5 часа.

Државните службеници вработени во општината се одушевени од новиот начин на работа и пресреќни се што одсега ќе имаат три слободни дена за општествени активности дома и во приватниот живот, пренесе „Денмарк њуз“.

Локални избори 2021