четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Вести

Дански парламент: На бебето на пратеничката Абилгор му забранија влез во пленарната сала

Дански парламент: На бебето на пратеничката Абилгор му забранија влез во пленарната сала

Данската пратеничка Мете Абилгор се пожали дека ѝ било кажано веќе да не го носи своето бебе во Пленарната сала на данското Собрание.

Како што пренесува Би-Би-Си, таа дошла на работа со петмесечната ќерка, бидејќи таткото на бебето бил зафатен и не можел да се грижи за неа.

– Пленарната сала е за пратеници, а не за бебиња и деца, изјави шефицата на Собранието, Пиа Керсгор која побарала мајката да биде исфрлена.

Подоцна беше објаснето дека Керсгор само ги следела правилата и прописите на Парламентот.