недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 59
home Вести

Данска развива дигитален пасош, овој документ ќе докажува вакцинација

Данска развива дигитален пасош, овој документ ќе докажува вакцинација
илустрација

Данската Влада денеска соопшти дека ги здружува силите со бизнисите за да развијат дигитален пасош што ќе покажува дали луѓето се вакцинирани против коронавирус, што би им дозволило да патуваат, а воедно ќе помогне да се намалат ограничувањата во јавниот живот.

Во блиска иднина, граѓаните на Данска ќе добијат официјален документ со кој се докажува дека се вакцинирани против Ковид-19.

Министерот за финансии Мортен Боедсков на прес-конференција рече дека „за три или четири месеци, дигиталниот пасош за коронавирус ќе биде подготвен за употреба, на пример, за службени патувања“.

– За нас е исклучително важно да можеме да го рестартираме данското општество за компаниите да можат да се вратат во колосек. Многу дански компании се глобални компании, целиот свет е нивен пазар, додаде тој.

Како прв чекор, пред крајот на февруари, данските граѓани ќе можат да видат на данската здравствена веб-страница официјалната потврда дали се вакцинирани.

„Ова е дополнителен пасош што можете да го имате на вашиот мобилен телефон со кој се документира дека сте вакцинирани. Можеме да бидеме меѓу првите во светот што го имаме и можеме да му го покажеме на остатокот од светот“.

ЕУРО 2020

Македонија