четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 213
home Вести

Данска ќе укинува дел од ограничувањата

Данска ќе укинува дел од ограничувањата

Данската Влада планира укинување на некои ограничувања побрзо од очекуваното, бидејќи бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 продолжува да опаѓа. Тоа го изјави денеска премиерката Мете Фредериксен.

Како прв чекор во постепено олеснување на ограничувањата, што траеше еден месец, е утрешното повторно отворање на градинките и училиштата за деца од прво до петто одделение.

Сепак, поединци ја критикуваат Владата дека се уште остануваат затворени ресторани, кафулиња…

– Нашата работа како влади не е да се грижиме за интересите на одредена група, туку да најдеме избалансирано решение што е добро и во однос на здравјето и што обезбедува значително подобри услови за работа – рече Фредериксен на прес-конференцијата.

Во Данска, вкупно 299 луѓе починаа од коронавирусот додека бројот на хоспитализирани лица постојано се намалува во изминатите две недели.

Локални избори 2021