вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Вести

Дамаск и групата Џаиш ал Ислам постигнаа договор за евакуација од Дума

Евакуацијата ќе треба да се спроведе во наредните 48 часа, објави сириската агенција САНА.
Дамаск и групата Џаиш ал Ислам постигнаа договор за евакуација од Дума

Сириските власти денеска соопштија дека е постигнат договор за евакуација на борците од групата Џаиш ал Ислам од Дума, последниот бастион на бунтовниците во близина на сирискиот главен град Дамаск.

Евакуацијата ќе треба да се спроведе во наредните 48 часа, објави сириската агенција САНА.

Веста доаѓа во време кога Дума е цел на инензивни напади од страна на сириските власти.