среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Дали Швеѓаните го победија коронавирусот со нивната стратегија?

Стратегијата за стекнување на имунитет на стадо којашто ја користат Швеѓаните во борбата против коронавирус, а која многумина ја критикуваа, бележи сè подобри и подобри резултати.

Останатите европски земји се подготвуваат за вториот бран.

Иако имунитетот на населението и натаму е под стандардното ниво од 60 проценти, ова е доволно ефикасно за да се победи епидемијата на COVID-19 во Шведска, вели еден од најпознатите епидемиолози во Данска.

Постојат индиции дека Швеѓаните стекнаа имунитет на оваа болест, а со почитување на мерките ќе се спречи ширењето на болеста, рече професорот Ким Снепен од Институтот Нилс Бор во Копенхаген.

Шведска минатата недела дневно регистрираше само 23 случаи на 1 милион луѓе, во споредба со 61 случај во Данска за еден ден.

Претходната студија на професорот Том Бритон од Универзитетот во Стокхолм процени дека стапката на имунитетот на стадо може да биде и до 43 отсто од населението, што е под стандардната бројка од 60-70% кои се прифатливи во епидемиологијата.

Професорот Рис Палудан вели дека има сè повеќе докази кои укажуваат дека Шведската здравствена агенција беше во право кога одлучи да ја следи оваа стратегија.

Нивната стратегија ја критикуваа многу медицински стручњаци, политичари и активисти. Во Шведска се регистрирани нешто повеќе од 88.000 случаи на коронавирус. Стапката на смртност во Шведска е на 5. место по број на жители во Европа, но бројот на новозаразени постојано опаѓа уште од крајот на јуни.

Денеска има само десетина пациенти на интензивна нега. Ова е значително помалку за разлика од другите земји во Европа како што се Велика Британија, Франција и Шпанија.

Коронавирус