среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 10
home Вести

Дали децата треба да носат маски за лице?

Дали децата треба да носат маски за лице?

Многумина поради мерките за претпазливост од коронавирусот веќе со недели не излегуваат од дома без заштитни маски за лице.

Мислењата за тоа дали има ефект се поделени, а родителите не се сигурни дали треба да ги применуваат истите правила и за децата.

Еве одговори на некои од најчестите прашања:

1. Дали треба бебињата да носат маски?

Не, децата помали од две години не треба да носат маски, бидејќи тие можат да им го зголемат ризикот од гушење, стои во соопштение на американски центар за контрола и превенција на болести.

„Лицетето на детето помало од две години не треба да се прекрива со ткаенина, за да не дојде до потешкотии при дишењето“, пишува на нивната веб страница.

2. Дали децата треба да носат маски при излегување од дома?

Зависи од ситуацијата. Ако детето е постаро од две години и се движи само во двор, тогаш маската не е нужно потребна, но ако го водите со себе во маркет, тогаш се препорачува да ја носи.

„Целта на маските не е заштита на лицето кое ја носи, туку превенција од ширење на вирусот на други лица“, стои во соопштението на американскиот центар.

Симптомите на коронавирусот кај децата не се исти како кај возрасните, но и тие можат да бидат преносители без да знаат за тоа.

Поради тоа најдобра заштита за децата и целата заедница е да се остане дома, но ако веќе морате да излезете, паметно е тоа да го направите со маска за лице.

Коронавирус