среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 160
home Вести

Дали Чак Норис бил дел од немирите во Вашингтон или станува збор за „негов двојник“?

Дали Чак Норис бил дел од немирите во Вашингтон или станува збор за „негов двојник“?

Откако деновиве по социјалните мрежи почна да кружи фотографија на која многумина тврдат дека е актерот Чак Норис меѓу приврзаницитена Доналд Трамп во Вашингтон, неговиот тим децидно негираше.

Потпаролот на актерот, Ерик Крицер инсистираше на тоа дека неговиот клиент минатата недела бил илјадници милји оддалечен од американскиот Конгрес.

„Ова не е Чак Норис, туку човек што личи на него. Иако Чак е многу поубав“, изјави Крицер за „NBC News“, тврдејќи дека Норис бил во Тексас со своето семесјтво.

На фотографијата која беше објавена на „Твитер“ во понеделникот се гледа како еден приврзаник на Трамп прави селфи со Норис.

Имено фотографијата е направена за време на собирот во средата каде насилната толпа упадна во зградата на Конгресот обидувајќи се да ги спречат пратениците официјално да ја прифатат победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Во немирите што се случија во Америка, загинаа најмалку пет лица.

Чак Норис (80) е познат по американската телевизиска серија „Walker, Texas Ranger“ која има дури девет сезонони. Тој се појавува и во десетици филмови, вклучувајќи го и филмот на Брус Ли од 1972 година „The Way of the Dragon“.

Актерот неодамна беше дел од акциониот филм „The Expendables 2“ со Силвестер Сталоне, Џет Ли и Арнолд Шварценегер.

Норис е меѓу најпознатите конзервативци во Холивуд и двапати досега го поддршуваше поранешниот гувернер на Арканзас, Мајк Хакаби во 2018 и 2016 година.

И во 2012 година, тој јавно го обвини тогашниот претседател Барак Обама дека се обидел да создаде „про – геј“ извидници. 

Коронавирус