четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Дали БЦГ вакцината штити од новиот коронавирус?

Дали БЦГ вакцината штити од новиот коронавирус?

Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БЦГ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус.

СЗО наведе и дека во тек се две клинички испитувања за БЦГ вакцината. Во недостиг на докази, СЗО не препорачува БЦГ вакцинација како превенција од Ковид-19.

Но, СЗО и понатаму препорачува неонатална БЦГ вакцинација во земјите или опкружувањата со голема инциденција на туберколоза.

Коронавирус