вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 69
home Вести

Да не му се знае местото на кое почива: Педофилот милијардер погребан во необележена семејна гробница

Да не му се знае местото на кое почива: Педофилот милијардер погребан во необележена семејна гробница

Американскиот милијардер Џефри Епстајн, кој беше обвинет за педофилија и детска проституција, наводно е погребан во необележена семејна гробница, крај своите родители, чии имиња се отстранети од надгробниот споменик за да се спречи вандализам.

На мермерната плоча на гробницата на неговите родители на гробиштата ИЈ Морис, на Флорида, Давидовата ѕвезда е заменета со празна плоча, пренесува британскиот весник „Мирор“.

Претпоставка е дека ваквата одлука е донесена за гробовите да се заштитат од вандалите, кои се згрозени од педофилските постапки на Епстајн.

Милијардерот се самоуби во затвор, на 10 август, додека го чекаше судењето заради тврдењата дека предводел група за детска проституција.

Епстај, кој беше уапсен на 6 јули, се изјасни дека не се чуствува виновен за обвинувањата за трговија со луѓе во која биле вклучени и десетици малолетни девојчиња на востраст од 14  години, и тоа во периодот од 2002 до 2005 година. (МИА)