сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 102
home Вести

Д-р Ентони Фаучи јавно ја прими вакцината против коронавирус на „Модерна“

Д-р Ентони Фаучи јавно ја прими вакцината против коронавирус на „Модерна“

Водечкиот американски експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, ја прими првата доза од најновата вакцина против Ковид-19, развиена од американската фармацевтска компанија „Модерна“.

Фаучи ја прими вакцината заедно со други здравствени авторитети, кои го надгледуваа нејзиниот развој.

Фаучи беше вакциниран во Националниот институт за здравство (НИХ), каде што работи како директор за алергии и заразни болести, во предградие на Вашингтон. Тој ја прими вакцината, што заеднички ја развија НИХ и американската фармацевтска компанија Модерна, која беше одобрена за итна употреба минатата недела.

Потоа, пред новинарите изјави дека е исклучително да се прими вакцината помалку од една година откако беше откриен вирусот, за кој е направена вакцината.

– Она што го гледаме сега е кулминација на долгогодишното истражување кое доведе до феномен што е навистина без преседан, рече Фаучи.

Јавното примање на вакцината „е симбол за остатокот од земјата“, рече Фаучи. – Чувствувам огромна доверба во безбедноста и ефикасноста на оваа вакцина и сакам да ги охрабрам сите што имаат можност – да се вакцинираат, така што ќе можеме да имаме превез на заштита над оваа земја што ќе стави крај на пандемијата.

Со вакцината на „Модерна“ и сличната вакцина развиена од Фајзер/БиоНТек, САД се обидуваат да ја забрзаат најголемата кампања за вакцинација во својата историја, со цел да се надмине пандемијата на коронавирус, во која најмалку 320.000 луѓе починаа само во САД.

Двете вакцини обезбедуваат силна заштита и се развиени за помалку од една година откако се појави вирусот, и се сметаат за победа на науката, која е изградена врз основа на долгогодишно истражување, финансирано од НИХ.

Коронавирус