понеделник, 16. мај 2022. Вести денес: 7
home Вести

Цунамито во Јапонија преврте и во океанот однесе 20 бродови

Цунамито во Јапонија преврте и во океанот однесе 20 бродови

Цунамито, што се формира по подводната ерупција на вулакнот Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи, ноќеска оштетило најмалку 20 бродови во пристаништата во префектурите Токушима и Кочи, во западна Јапонија, јави NHK.

Бродовите биле превртени и однесени во океанот, јавуваат медиумите.

Првичните информации говореа за пријавени 10 оштетени јапонски бродови.

Околу 230.000 Јапонци, кои живеат во областите долж брегот на Тихиот Океан, синоќа од локалните власти добија наредба за евакуација поради заканата од цунами.

Засега нема информации за жртви.

Дополнително, откажани се и 27 домашни летови со слетување или полетување во зоната на можно влијание на катастрофата.

Националната метеоролошка управа на Јапонија ноќеска соопшти за закана од цунами поради ерупцијата на подводниот вулкан Хунга-Тонга-Хунга-Хапаи во Кралството Тонга. Според Управата, ризикот од брза промена на ситуацијата може да остане и денеска. Бранови високи до 1,2 метри беа регистрирани долж брегот во различни делови на Јапонија, а забележана е и можност за цунами високо до три метри.

Коронавирус