сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 82
home Вести

Цукерберг поканет следната недела на сослушување во ЕП

Цукерберг поканет следната недела на сослушување во ЕП

Европсккиот парламент денеска упати официјална покана до извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг следната недела да сведочи пред неколку парламентарни комисии во Стразбур, соопшти портпаролот на ЕП.

Независно од тоа дали поканата ќе биде прифатена, ЕП на пленарна седница ќе расправа за случајот со незаконско споделување податоци на социјалната мрежа со фирмата „Кембриџ аналитика“.

Портпаролот истакна дека не се предвидува усвојување резолуција за ова прашање.

Претходно неделава, Цукерберг имаше дводновно сослушување во Конгресот на САД, при што призна дека споделувањето лични податоци било грешка и се извини за случајот.

Коронавирус