среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Цукерберг одби да одговара пред британскиот Парламент

Цукерберг одби да одговара пред британскиот Парламент

Извршниот директор на компанијата Фејсбук, Марк Цукерберг го одби барањето на Комитетот на британскиот Парламент да одговара на прашања во врска со злоупотреба на податоци.

Демијан Колинс, претседателот на Комитетот, тело кое го истражува влијанието на социјалните медиуми врз изборите, го повика Закерберг да одговори на „катастрофалниот неуспех на процесот“.

– Цукерберг замоли еден од своите заменици лично да ги достави доказите. Шефот на технолошката служба Марк Шефер и шефот на производство Крис Кокс ќе бидат добра замена за да одговараат на прашања, соопшти Ребека Стимсон, шефица за јавни политики на британското претставништво на Фејсбук.

Демијан Колинс изјави дека би му било драго замениците на Цукерберг да одговорат на прашања, но оти тој би сакал лично од првиот човек на Фејсбук да слушне повеќе за тоа.

Коронавирус