среда, 15. јули 2020. Вести денес: 58
home Вести

Цукерберг најави ревизија на правилата на Фејсбук

Цукерберг најави ревизија на правилата на Фејсбук
A man is silhouetted against a video screen with an Facebook logo as he poses with an Samsung S4 smartphone in this photo illustration taken in the central Bosnian town of Zenica, August 14, 2013. REUTERS/Dado Ruvic/File Photo

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека ги ревидира правилата за содржината на оваа социјална мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе, поради пост на американскиот претседател Доналд Трамп во кој им се заканува на демонстрантите против полициско насилство врз расна основа.

Тој најави дека Фејсбук се обидува да ја подобри политиката за содржини на социјалните мрежи.

– Знам дека многумина од вас мислат дека минатата недела требаше на некој начин да ги означиме постовите на претседателот, напиша Закерберг во пост, осврнувајќи се на неговата претходна одлука да не се отстрани пост на Трамп, кој содржи фраза „кога ќе започне грабежот, почнува и пукањето“.