четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

Цукерберг го призна она од што многумина корисници се плашеа

Цукерберг го призна она од што многумина корисници се плашеа

За време во вториот ден од сослушувањето на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, работите биле многу понапорни.

Цукерберг пред Конгресот на САД го потврдил еден од најголемите стравови на луѓето ширум светот кога е во прашање приватноста.

Во дискусија со еден од конгресмените, основачот на социјалната мрежа, призна дека собира податоци за луѓето кои никогаш немале профил.

Kaстор: Собирате лични податоци за луѓето кои немаат Фејсбук профил, дали е тоа точно?

Цукерберг: Мислам дека тоа не е она што ние го следиме.

Kaстор: Веќе признавте дека тоа го правите од комерцијални и безбедносни причини. Собирате податоци и надвор од Фејсбук. Кога некој ќе кликне на „Like“ или на „Share“ копчето, тие податоци ги собира Фејсбук, дали е тоа вистина? Да или не.

Цукерберг: Тоа е точно.

Коронавирус