четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 160
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Црвениот крст создаде мрежа за борба против дезинформациите

Црвениот крст создаде мрежа за борба против дезинформациите

Меѓународниот Црвен крст ја лансираше првата глобална мрежа на инфлуенсери од социјалните мрежи за да се бори против дезинформациите за коронавирусот и за да шири содржини за спречување на ширењето на болеста.

Експертите со месеци предупредуваат дека пандемијата се сокри во масовната „инфодимија“, односно меѓу бројните информации, меѓу кои се широко распространети лажните тврдења што можат да претставуваат сериозна закана за јавното здравство, пренесува Гардијан.

-Добивањето вистински информации е исто толку важно како и здравствената заштита, изјави Никола Џонсон, медиумски менаџер на Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Членови на мрежата се дваесетина влијателни инфлуенсери, кои имаат огромно влијание врз социјалните мрежи и имаат вкупно околу два милиони следбеници.

Црвениот крст, исто така, наведува дека очекува во следмките денови списокот на членки да се прошири.

Коронавирус