петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Црни статистики по експлозијата во Бејрут: Најмалку 10 загинати, над 500 повредени, во болниците “врие“, војската на улица (ВИДЕО)

Црни статистики по експлозијата во Бејрут: Најмалку 10 загинати, над 500 повредени, во болниците “врие“, војската на улица (ВИДЕО)

Стотици луѓе се хоспитализирани поради повредите со кои се здобија во денешната експлозија што се случи во пристаништето во главниот град на Либан, Бејрут.

Во експлозијата, за која се уште не е познато што ја предизвика, загинале најмалку десет лица. Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.

Либанскиот претседател Мишел Аун ги упати сите вооружени сили да се справат со последиците од експлозијата во Бејрут и да спроведат патроли во погодените области и во предградијата за да обезбедат безбедност, соопшти државната Национална новинска агенција.

Според либанската телевизија ЛБЦИ, хоспитализирани се над 500 луѓе, а десетици лица ќе бидат оперирани.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Според неименувани безбедносни извори експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци. Претходно, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините за петарди.

Коронавирус