вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Црни прогнози за Бразил, експерти очекуваат половина милион смртни случаи од Ковид-19 до јул

Црни прогнози за Бразил, експерти очекуваат половина милион смртни случаи од Ковид-19 до јул

Здравствената криза во Бразил се влошува поради рекордно ниво на нови инфекции и смртни случаи, предупредија здравствените власти. Здравствениот систем на земјата е пред колапс, јавија локалните медиуми.

Лекарите пријавуваат просечно 2.400 смртни случаи на ден во изминатите седум дена. Во петокот имаше 3.650 смртни случаи.

Претходно, во државата имаше по околу 100.000 новоинфицирани дневно. Експертите очекуваат до половина милион смртни случаи од Ковид-19 до јули и доколку продолжи таков тренд Бразил ќе ги надминат САД до крајот на годината.

Поранешниот бразилски претседател Лула да Силва остро го нападна сегашниот шеф на државата Жаир Болсонаро во врска со неговата борба против пандемијата

-Повеќе од 300.000 смртни случаи од коронавирусот во Бразил претставуваат „најголем геноцид“ во историјата на оваа земја во Јужна Америка, рече поранешниот претседател. Повеќе од 12 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во Бразил.

Локални избори 2021