понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Црната кутија од украинскиот авион останува во Иран

Црната кутија од украинскиот авион останува во Иран

Црната кутија од украинскиот патнички авион што иранската противвоздушна одбрана го урна по грешка во јануари годинава, Иран нема намера да ја предаде на ниту една друга земја и покрај надворешните притисоци, соопшти официјален Техеран.

Канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела изјави дека е „импресиониран“ од изјавата на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф дека мора да се заврши до крај целосна и комплетна истрага за трагичната несреќа.

Најголем број настрадани патници од украинскиот авион беа Канаѓани и Иранци со двојно државјанство кое Иран не го признава.

– Имаме право сами да ја анализираме црната кутија и да ги контролираме сите истражни постапки, нагласи Зариф.

Во меѓувреме, иранскиот министер за одбрана Амир Хатами изјави дека кутијата претрпела „сериозни оштетувања“ и дека од стручњаците од воениот комплекс е побарано да се оспособи за анализа на податоците за летот на украинскиот авион.

Сите 175 патници и членови на екипажот загинаа кога противвоздушната одбрана на елитната Револуционерна гарда на Иран по грешка истрела ракета земја-воздух на тој патнички авион, претпоставувајќи дека станува збор за непријателски авион.

Иранскиот министер за надворешни работи Зариф тврди дека Иран, сепак, е во контакт со други земји во врска со истрагата, особено со Украина.

Коронавирус