среда, 2. декември 2020. Вести денес: 213
home Вести

ЦРН ЕПИДЕМИОЛОШКИ РЕКОРД: Секоја минута по еден Американец умира од коронавирус

ЦРН ЕПИДЕМИОЛОШКИ РЕКОРД: Секоја минута по еден Американец умира од коронавирус

Црн епидемиолошки рекорд во САД, откако Ројтерс известува дека едно лице со Ковид-19 умира секоја минута во САД.

Вкупниот број на смртни случаи во САД надмина 150.000 и е најголем во светот, а стапката на смртност се зголемува со невидена стапка.

Според анализата на Ројтерс, бројот на пациенти расте секој ден во 37 американски држави, додека стапката на смртност се зголемува од ден на ден во 26 сојузни држави.

Бројот на загинати во САД е во пораст веќе трета недела по ред.

Коронавирус