петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Црковните служби во Романија поради коронавирусот ќе се пренесуваат на Интернет

Црковните служби во Романија поради коронавирусот ќе се пренесуваат на Интернет

Литургиите и другите верски служби во Романија ќе продолжат да се изведуваат во црквите и манастирите, но без верници, соопшти денеска Романскиот црковен синод и додаде дека службите ќе се извршуваат преку Интернет.

Одлуката е донесена во согласност со воените уредби од 17 и 21 март, според кои, поради спречување на ширењето на коронавирусот, се воведува ограничување на движењето.

Сите верници на Романската православна црква во земјата и странство ќе можат да ги следат литургиите и другите служби преку телевизија и радио Тринитас кои припаѓаат на Романската патријаршија или преку станици кои ќе го преземат пренесот.

Сепак, црквите ќе бидат отворени за одредени сутуации, како за кршевки или венчавки, на кои ќе можат да присутвуваат максимум осум лица.

Коронавирус