понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 75
home Вести

Ципрас: Со Заев договараме име за општа употреба, што ќе значи и промена на уставот

Мора да најдеме решение за сите нерешени прашање за да можат да продолжат напред евротатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерга омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот, рече Ципрас.
Ципрас: Со Заев договараме име за општа употреба, што ќе значи и промена на уставот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас кажа дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот и дека решението за името треба да важи ерга омнес по денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос.

„Ние сме нова генерација прогресивни премиери. Знам дека денеска многу луѓе нè гледаат. Некои со скептицизам, други со оптимизам. Сакаме да ги решиме прашањата прагматично и одговорно. Го кажувам ова бидејќи само не што сакаме да го решиме спорот со името, туку и билатералните односи да ги поставиме на основа на заемна доверба. Да се справиме со сите форми на иредентизам, да не оставиме дупки за да се осигураме дека нема да се појават слични предизвици во иднина. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашање за да можат да продолжат напред евротатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерга омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот. Паралелно се согласивме дека треба да продолжат мерките за градење доверба“, кажа Ципрас.

Коронавирус