понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 143
home Вести

Циклонска бомба: Поплава го потопила Бостон, а потоа водата се замрзнала: 20.000 куќи без струја

Циклонска бомба: Поплава го потопила Бостон, а потоа водата се замрзнала: 20.000 куќи без струја

Повеќе од 20.000 домови во Бостон останале без струја, откако таканаречената “циклонска бомба” во тој град донела снег и силни ветрови.

“Циклонската бомба”, како што најавиле метеоролозите, ќе го погоди источниот брег на САД, а досега веќе дошла до Бостон.

Сите училишта се затворени, а ќе бидат отворени и засолништа доколку поплавите се влошат и доколку биде потребна евакуација, соопштил градоначалникот на Бостон, Марти Волш.

Како што додал, иако “најлошиот дел” поминал, поплава и натаму има во делови од градот.

Олујата во околината на Бостон била проследена од бранови кои предизвикале “ретко видена поплава”, рекол гувернерот Чарли Паркер.

Улиците во источните населби на Бостон биле оковани со мраз, а 26 од 78 општини на брегот на Масачусетс имале проблеми со поплава.

Екстремните временски услови донеле снег на Флорида, прв пат по неколку децении. Гувернерите на Флорида, Џорџија и Вирџинија прогласиле вонредна состојба и ги предупредиле жителите да не излегуваат од своите домови.

Властите објавиле дека како последица од екстремните студови оваа седмица загинале 12 лица. Шест смртни случаи биле забележани во Висконсин, четири во Тексас, еден во Северна Дакота и еден во Мисури, а повеќето починати се бездомници.