понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 133
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Циклонот Амфан во Индија предизвика штета од 13 милијарди долари

Циклонот Амфан во Индија предизвика штета од 13 милијарди долари

Циклонот што ја погоди државата Западен Бенгал во источна Индија оваа недела предизвика штета од 13 милијарди американски долари на инфраструктурата и земјоделските култури, соопштија државните власти.

Соседен Бангладеш, преку кој во средата мина циклонот Амфан, првично пријави штета од 130 милиони долари, но таа сума може да расте, објавија властите на оваа земја.

Во обете држави, 102 лица починаа во циклонот, кој беше најсилен во последната деценија. Повеќе од три милиони луѓе беа евакуирани пред ударот на циклонот, спречувајќи голем број смртни случаи.

Циклонот погоди 13 милиони луѓе чии куќи, имоти и култури беа уништени, додека оштетени се над 1,5 милиони куќи, соопштија двајца претставници на Западен Бенгал.

Стотици илјадници луѓе се наоѓаат во кампови низ целата земја, соопштија официјалните лица, кои стравуваат дека недоволното почитување на мерките за физичко растојание може да поттикне ширењето на коронавирусот.

Циклонот, исто така, ги оштети фармите во ниските крајбрежни области на Бангладеш.  Непрофитната организација ActionAid забележува дека на населението во оваа област ќе му треба итна помош, со оглед дека немаат храна, вода за пиење или материјали за реконструкција на домови.

Коронавирус