петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ЧУДО ВО КИНА: Бебе старо само 17 дена без никакви медицински терапии го преживеа коронавирусот (ВИДЕО)

ЧУДО ВО КИНА: Бебе старо само 17 дена без никакви медицински терапии го преживеа коронавирусот (ВИДЕО)

Бебе старо само 17 дена од Кина кое што било заразено со новиот корона вирус целосно закрепна без никаква медицинска помош. Бебето се родило во Вухан, центарот на епидемијата во Кина.

Имено, мајката била заразена од истиот вирус, по што истиот бил пренесен и на бебето, денеска тоа е здраво и без никаков проблем, пренесуваат светските медиуми.

Бебето е испуштено од болница и неговата здравствена состојба е многу добра. Девојчето, само што се родило било префрлено во Педијатриската болница во Вухан и веднаш беше забележано дека заразната болест ја наследило од нејзината мајка. Бидејќи симптомите од вирусот не биле силни, лекарите одлучиле да не интервенираат медицински и оставиле бебето само да се избори со вирусот.

-Бебето немаше потешкотии со дишењето, ниту проблем со кашлица, ниту висока температура, затоа не интервениравме со медицински терапии, рекол др. Зенг Лингког, првиот човек на одделот за толку што родени деца од истата болница. Па според него, бебето е добро и добро напредува во својата тежина.

Кинеските лекари уште од претходно беа децидни дека корона вирусот кај трудниците може да биде пренесен кај нивните бебиња.

Коронавирус