сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 48
home Вести

Чудо на Канарските острови: Лавата уништи се пред себе, освен една куќа (ВИДЕО)

Чудо на Канарските острови: Лавата уништи се пред себе, освен една куќа (ВИДЕО)

Од Канарските острови стаса неверојатна сцена, опколена со море од лава после ерупцијата на вулканот на Ла Палма, една куќа останала да стои негибната.

Корисниците на социјалните мрежи ја нарекле „нестварна“. Нејзините сопственици, пензиониран пар од Данска, кој не е на островот, воодушевени се дека куќата останала цела.

– Почнале да плачат кога им кажав дека нивната сакана куќа е недопрена, вели за Ел Мундо, архитектката на куќата Ада Моникендам.

Куќата чудо се наоѓа на Ел Параис каде повеќе од половината згради, вклучително и училиштето, се уништени.

Парот го избрал токму Ла Палма бидејќи им се допаднал вулканскиот пејзаж, вели Моникендам и додала дека и е жал оти куќата сега е напуштена и дека нема никој кој би можел да се грижи за неа.

Лавата синоќа значително го забавила својот тек што предизвика стравување дека би можела да се прошири по островот и да уништи повеќе куќи, наместо да истече во морето.

Локални избори 2021