четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Вести

Човек спаси три животи на автопат: Погледнете го овој херојски чин (ВИДЕО)

Човек спаси три животи на автопат: Погледнете го овој херојски чин (ВИДЕО)

Тројца патници, двајца мажи и помлада жена, избегнаа сигурна смрт благодарени на маж кој не сакал да биде нем набљудувач на сообраќајна несреќа во кинескиот град Чунчанг.

Имено, несреќата се случила на прометниот дел од автопатот, кога комбето со двајцата мажи и девојката од неутврдени причини се излизгало и завршило во банкината.

Откако се завртело неколку пати, од долната страна на возилото, на местото каде што се наоѓа резервоарот, се запалил оган, а патниците иако се обидувале да го напуштат возилото не можеле тоа да го направат поради оштетената врата.

За нивна среќа, тука се нашол возак на мотоцикл, кој се доближил до автомобилот во пламен и почнал да ја крши шофершајбната. Кога таа напукнала, почнале и патниците од внатре да ја удираат и откако ја пробиле, еден по еден се успеале да излезат сите во последен момент.

Несреќата се случила на прометен дел од автопат и според информациите, освен материјална штета намало тешко повредени.

Коронавирус